Линкови за пристапност

Пораст на насилниот криминал во САД


Од ФБИ велат дека бројот на кривични дела е далеку понизок во споредба со 90-те

Насилниот криминал во САД лани е зголемен за 3,9 отсто, но ФБИ велат дека бројот на кривични дела е далеку понизок во споредба со 90-тите.

Според ФБИ, по двегодишниот континуиран пад на бројот на насилни кривични дела, минатата година бројката се искачила на речиси 1.2 милиони, вклучувајќи и зголемување за 11 отсто на бројот на извршени убиства.

Во понеделникот јавната обвинителка Лорета Линч изјави дека бројките се потврда дека треба „уште многу да се работи“, но потенцираше дека вкупниот број на насилни криминални дела, е трет најмал во последните две децении. Според неа, криминалната стапка е ниска или стабилна во повеќето американски заедници.

Бројката на силувања во САД лани е зголемена за 6.3 отсто, а на кражби за 1,4 отсто.

Но, ФБИ вели дека бројот на кражби 13-та година по ред опаѓа. Оваа година се намалил за 2.6 отсто. Кражбите се намалиле за 7.8 отсто, додека пак ситните кражби за 1.8 проценти и покрај тоа што порастот на украдени автомобили се зголемил за 3.1 отсто.

Овие статистики за стапката на криминал може да се најдат во фокусот на претседателската дебата помеѓу Клинтон и Трамп.

Трамп се залага за агресивен пристап на полцијата, при што истата ќе може да ги запира и да ги претресува луѓето во заедниците, што, пак според активистите за човекови права ќе значи таргетирање на малцинствата. Клинтон од друга страна пак, се залага за построг закон за оружје, што Конгресот го одби, дури и по масивните вооружени напади.

XS
SM
MD
LG