Линкови за пристапност

Во недела е Денот на татковците во САД – добар повод за поттикнување на мажите на поголема инволвираност во животот на нивните деца

Јужна Африка е една од 17-те држави каде е во тек кампањата „Мажите се грижат“. Почната е во 2011-та, истата година кога сопругата на Жан Мари Мкурунзиза била бремена со нивната прва ќерка. Тој вели дека научил многу од кампњата, на која се приклучил како организатор, водејќи групни средби за инвилвирани татковци.

„Одиме по клиники и по општини, ги каниме татковците кои чекаат дете да биде дел од групатата и да преземат одговорности во нивното семејство“, објаснува тој.

Дел од одговорноста е и да им се помага на жените со домашните обврски:

„Им одредуваме домашна задача, кога ќе одат дома да направат нешто посебно, што досега не правеле; да ја исчистат куќата, да ги измијат чиниите. Минатата недела, еден член, дојде со сопругата која треба да се породи. Таа беше многу среќна“, раскажува тој.

Координаторот на кампањата „Мажите се грижат“ Видар Ветерфолк од Шведска имал слично искуство. Тој присуствувал на ваков состанок кога го очекувале првото дете.

Семејството Ветерфолк има две усвоени деца, момче и девојче, од Јужна Африка, каде што живеат во моментов. Тој вели дека во групата учат како да ја споделуваат одговорноста за грижата за децата.

Гери Баркер е директорот на вашингтонската канцеларија на Промундо - глобална невладина организација која ја ко-спонзорира кампањата заедно со други организации за заштита на правата на жените, некои владини и агенции на ОН. Според него, најдобра формула за успех е вклучување на мажите во процесот пред ражањето на детето.

„Нашето истражување покажува дека ако ги вклучиме мажите во тој момент, тие почнуваат да се чувствуваат одговорни“, вели Баркер.

Групата на идни татковци е само еден аспект од кампањата. Преку локалните партнери, со плакати и преку медиумите, се пренесува пораката преку медиумите, плакати и слично, дека мажите треба да бидат повклучени во животот на нивните деца.

„Мажите кои имаат поблизок однос со своите деца, кои се инволвирани во грижата за нив, имаат подобро ментално здравје. Помалку се склони кон алкохолизам. Од Шведска има информација дека и подолго живеат. Синовите кои растат со посветен татко имаат поголеми шанси да ги почитуваат правата на жените и да веруваат во еднаквоста на половите. И, во крајна линија, многу е помала веројатноста дека ќе бидат склони кон насилство против партнерите“, вели Баркер.

Кампањата се надева дека повеќе татковци ќе бдат инволирани и оти позитивните промени во семејствата ќе доведат до позитивни промени и во општествата.
XS
SM
MD
LG