Линкови за пристапност

САД ги чека остра зима


Излегува веќе 197 години: од насловната страница на Фармерскиот алманах за 2011-та
Излегува веќе 197 години: од насловната страница на Фармерскиот алманах за 2011-та

Предвидува Земјоделскиот алманах, во изданието за 2014-та.

Според изданието на Земјоделски алманах за 2014-та, престојната зима за поголемиот дел од САД ќе биде мошне студена.

Според алманахот од сојузната држава Мејн, кој започна да се печати пред 197-години, оваа зима ќе биде постудена од вообичаеното во две третини на источниот дел на земјата, а големи снежни врнежи ќе има на Средниот Запад, областа на Големите Езера и Нова Англија.

Алманахот за прв пат беше објавен 1818-та. Неговата тајна формула за предвидување на времето, базирана на „местоположбата на планетите, сончевите дамки и месечевите циклуси“, во голем дел остана непроменета сиве овие години.

Научниците не се импресионирани од формулата. Па сепак, подготвувачите на алманахот наведуваат дека читателите според него планираат свадби, насади во градините, бидејќи, како што велат, прогнозата е точна околу 80%.

За 2014-та, Земјоделскиот алманах предвидува огромно снежно невреме на источниот брег на САД, со голема веројатност да се совпадне со финалето на американскиот фудбал, што во февруари треба да се игра на отворен стадион во Њу Џерси.

Алманахот за 2013-та погреши за само неколку дена во прогнозата дека во февруари ќе дојде до големо невреме што го парализираше североисточниот дел на САД со речиси 100 сантиметри снег.
XS
SM
MD
LG