Линкови за пристапност

Мислат оти статусот на малцинство ќе им отвори врати за наоѓање работа

Многу јавни личности досега се посочени за лажни тврдења за потекло од домородните Американци.

„Ова е чуден пример за луѓе што сакаат да се поистоветуваат со култури кои не се нивни“, вели Бен Барнес, домороден Американец од Оклахома, додавајќи дека овие луѓе ја поминуваат линијата кога почнуваат да тврдат дека се дел од тие етнички заедници.

Некои луѓе навистина веруваат во нивните тврдења, вели тој. Некои, пак, смета Барнес, се водат од духовни причини, додека некои мислат оти статусот на малцинство ќе им отвори врати за наоѓање работа.

И не се само поединци, кои се претставуваат како домородни Американци.

„Чироки племето открило повеќе од 400-тини групи кои се претставувале дека се Чироки“, вели генеалогистот Дејвид Корнсилк.

Некои непризнаени племиња успеваат да дојдат до федералните фондови, предвидени за легитимните племиња.

Студија од 2012-та година покажува дека во периодот од 2007-та до 2010-та година, 24 федерални програми доделиле повеќе од сто милиони долари на 26 племиња, кои не се признаени од федералната влада.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG