Линкови за пристапност

Гигантот на социјалните медиуми во еден ден го користеле една милијарда луѓе.

Директорот на Фејсбук, Марк Закенберг го пофали достигнувањето во четвртокот. https://www.facebook.com/zuck

„Во понеделникот, едно на секои седум лица на планетата Земја го користеа Фејсбук за да се поврзат со своите членови на семејството и пријатели“, кажа тој. Ова е прв пат откако постоиме да го постигнеме овој рекорд и е само почеток во обидите да го поврземе целиот свет. Поотворен и поповрзан свет е подобар свет. Ги зацврстува врските со оние коишто ги сакате, обезбедува посилна економија со повеќе можности и посилно општество што ги отсликува сите наши вредности“.

Фејсбук е светски најголема социјална мрежа со 1,5 милијарди активни корисници месечно.

Закенберг го основаше Фејсбук во 2004-та година додека студирал на Универзитетот Харвард.

XS
SM
MD
LG