Линкови за пристапност

Компанијата признава дека последните две години го преценила времето што луѓето го поминуваат на страницата

Фејсбук призна дека во изминативе две години погрешно го мереле бројот на прегледи на видео материјалите. „Неодамна откривме грешка во пресметувањето“, стои во извештајот на компанијата. „Грешката е исправена, нема влијание во наплатата, а нашите партнери се веќе известени преку контролните табли на производите и преку секторите за маркетинг и издаваштво“.

Според една фирма за рекламирање „Паблик медиа“ социјалниот медиум ја преценил бројката на време минато во гледање видео на страницата дури за 60 до 80 отсто, што според нив е неприфатливо.

Популарноста на видео материјалите е од огромно значење за огласувачите. Параметрите за мерење на интернет-сообраќајот ја дефинираат цената за рекламирање. Според весникот, моментално се воведува нов начин на мерење кој ќе треба да ја исправи грешката.

Проблемот настана како резултат на она што Фејсбук го нарекува „просечно времетраење на видеото“, но социјалниот медиум не ги броел прегледите кои траеле помалку од три секунди, што значително влијаело на бројките. Фејсбук вели дека ја исправиле грешката, но „Паблик медиа“ од друга страна пак, вели дека ова е доказ дека потребно е да се вклучи трета страна која ќе ги верифицира параметрите кои ги користи Фејсбук.

XS
SM
MD
LG