Линкови за пристапност

Иницијатива на Фејсбук за поевтин Интернет


Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг

Со партнерите Самсунг, Нокиа, Квалком и Ериксон ќе работи и на нови „паметни“ телефони што ќе чинат помалку.

Пет милијарди луѓе во светот сè уште немаат пристап до Интернет и основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, сака да го смени тоа. Започна глобално партнерство, наречено Интернет.орг, чија цел е драстично да ја намали цената за Интернет-врската на мобилните телефони, особено во земјите во развој.

Иницјативата беше најавена денес преку Фејсбук.

Партнери на Фејсбук во иницијативата се други технолошки гиганти како Самсунг, Нокиа, Квалком и Ериксон. Партнерите ветија дека ќе развиваат и користат технологии за производство на поевтини, квалитетни „паметни“ телефони со евтина Интернет-врска. Технолошките гиганти исто така планираат да поддржат развивање на нови деловни модели и услуги за побрзо приклучување на Интернет, за што е можно помалку пари.

Иницијативата ја одразува потребата на големите Интернет-компании и производителите на „паметни“ телефони да отворат нови пазари во сиромашните земји од Азија, Африка и Латинска Америка. Коалицијата наведува дека итна цел е за 10 години да се намали цената на Интернет-усугите на 1% од сегашното ниво. Но, компаниите се пред предизвик како да ја зајакнат инфраструктурата во зафрлените подрачја.
XS
SM
MD
LG