Линкови за пристапност

Донација на бубрег на Фејсбук


Иницијативата пред предизвици од етичка и медицинска гледна точка.

На 1-ви мај Фејсбук лансираше проект со чија помош, луѓето кои сакаат да донираат бубрег, ќе можат да стапат во контакт со оние на кои им е потребна трансплантација на овој орган. Многумина експерти велат дека чекорот можно е да ја зголеми понудата на донираните бубрези, меѓутоа потенцираат на проблемите од етичка и медицинска гледна точка.

Само во САД се проценува дека за трансплантација на бубрег чекаат околу 114.000 луѓе. Голем дел од нив бараат бубрег или од жив дарител или од некој кој се согласил да ги донира своите органи после смртта.

Фејсбук започна да ги охрабрува своите корисници во САД, кој се заинтересирани да донират бубрег да имаат можност да ја изразат таа желба на својот профил. Со бројот на корисници на од речиси една милијарда ширум светот, одредени експерти се возбудени дека иницијативата може драматично да ја зголеми понудата на бубрези за донирање.

Дејвид Флеминг работи во организацијата Donate Life America со седиште во Ричмонд, Вирџинија, посветена да ги охрабрува луѓето да ги донираат своите органи за трансплантација.

Флеминг изјави дека објавување на одлуката да се стане дарител на орган на Фејсбук е можност да се спаси човечки живот.

Уште пред обелоденување на иницијативата, научници од Медицинскиот центар при Универзитетот Лојола од Илиноис, одлучиле да разгледаат околу 90 профили на Фејсбук за да видат кој бара бубрези и какви одговори добиваат. Биле анализирани профили на луѓе на Фејсбук од две до 69-годишна возраст.

На една од страниците, корисник на социјалната мрежа бара бубрег за мало дете. Веднаш на тоа се јавиле 600 потенцијални донатори.

Додека многумина корисници на Фејсбук заинтересирани за оваа иницијатива реагираат најдобронамерно и искрено, Ченг вели дека можно е да постои опасност кога се работи за врски со странци на оваа страница на дружење.

Друга крајност е што некои лица даваат многу приватни информации за нивната здравствена состојба.

Продажбата на бубрези од живи дарители е забранета од 1984-та година, наваму, кога Конгресот го усвои Националниот акт за трансплантација на органи. И покрај тоа, раководителот на студијата, Алекс Ченг вели дека одредени потенцијални донатори бараат во просек по 30 и 40 илјади долари за еден бубрег.

Истражувањата беа претставени за време на неодамнешен состанок на Националаната фондација за бубрези. Што се однесува до кампањата на Фејсбук, од социјалната мрежа соопштија дека од средината на мај, наваму преку 100.000 корисници се пријавиле да бидат дарители на бубрег додека се живи.
XS
SM
MD
LG