Линкови за пристапност

Унапредување на Фејсбук за слепите корисници


Новата функција ќе ја толкува содржината на фотографиите

Фејсбук во вторник започнува со нова функција потпомогната со вештачка интелигенција, која автоматски ќе става наслови под фотографиите за слепите лица и лицата со оштетен вид кои се корисници на Фејсбук.

Функцијата АИ е дел од алтернативниот проект за пораки на Фејсбук и ќе ја толкува содржината на сликата употребувајќи технологија на препознавање на ликови и објекти.

Според Фејсбук, во светот има околу триста милиони слепи лица и лица со оштетен вид и ако овие луѓе го користат ИОС мобилниот систем, ќе можат да слушнат кратка листа на објаснување на предмети кои ги има на сликата додека тие минуваат низ неа. Пред да се објави, тие ќе го слушнат зборот „фотографија“ и сликата ќе се појави од лицето кое ја има објавено.

За време на иницијалното претставување, опишувањето на зборови ќе биде лимитирано на речник од сто зборови, што ќе ги заштити корисниците од слушање на многу детали за фотографијата. Лицата со оштетен вид може да слушнат нешто како „на сликата има тројца насмеани луѓе, надвор“ но функцијата АИ нема да спомнува дали луѓето јадат или пијат.

Претпазливоста од страна на Фејсбук произлегува од загриженоста дека компанијата може да се соочи со непријатна ситуација како онаа на Гугл го претстави сопствениот софтвер за препознавање на слики минатата година. Компанијата Гугл беше принудена да се извини откако нивната апликација за фотографии ја класифицира фотографијата на Афро-Американска двојка како горили.

Фејсбук изјави дека ќе ја усоврши технологијата, да може да дава прецизни објаснувања за тоа што се случува на фотографијата и можност за одговарање на прашања поврзани со неа.

Иако првичното претставување е само за корисниците со iOS мобилни направи, од Фејсбук планираат да ја додадат АИ технологијата на сопствените Андроид апликации и да бидат достапни преку интернет прелистувачи во блиска иднина.

Според Фејсбук, луѓето објавуваат близу две милијарди фотографии дневно на социјалните мрежи вклучувајки ги и апликациите со кои раководи Фејсбук - Инстаграм, Месинџер и WhatsApp.

XS
SM
MD
LG