Линкови за пристапност

Физичката активност го забавува биолошкото стареење на човечкото тело

Нова студија тврди дека интензивното вежбање може да го забави процесот на стареење на клеточно ниво за девет години.

„Фактот дека имате 40 години, не значи и дека биолошки имате 40 години,“ вели професорот Лери Такер од Универзитетот Биргам Јанг. „Сите знаеме за луѓето кои изгледаат помлади од нивната вистинска возраст. Колку повеќе сме активни физички, толку помалку биолошки старее нашето тело.“

Студијата која беше објавена во списание „Превентивна медицина“ открива дека луѓето кои имаат „постојано високо ниво на физичка активност“ имаат помлади клетки што се гледа преку мерењето на теломерите.

Теломерите се „протеини на крајот на хромозомите“, кои се стануваат се пократки со стареењето, затоа што со секое ново реплицирање на клетката тие се кратат малку, помалку. Изгледа дека вежбањето го забавува овој процес.

Такер вели дека возрасните лица со повисоко ниво на вежбање имаат теломери кои се девет години „помлади“ од луѓето кои не вежбаат и седум години помлади од оние кои вежбаат умерено.

Со цел да бидат ставени во категоријата на високо активни, жените мора да трчаат 30 минути, пет пати неделно, а мажите треба да трчаат по 40 минути.

Такер до заклучокот дошол со следењето на податоци од 5823 возрасни лица кои учествуваа во истражувањето спроведено од Центрите за контрола на болести на САД, каде била мерена должината на теломерите на учесниците. Во истражувањето исто така имало информации за нивото на активност на лицата врз кое било спроведено истражувањето.

Најкратки теломерите се забележани кај испитаниците со неактивен начин на живот, а разликата во должината на теломерите кај овие лица и оние кои вежбаат умерено не била многу голема.

Такер додава дека се` уште не се познати причините зошто вежбање го спречува кратењето на теломерите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG