Линкови за пристапност

Како борбите со тупаници придонеле за еволуција на човечкото лицe


human evolution 3
human evolution 3

Најнова студија изнесува теорија многу поагресивна од претходната која упатува на – дека исхраната го обликувала.

Човечкото лице еволуирало на начин на кој при удар од противник, би имало мали оштетувања, се наведува во најново истражување.

Ова е многу понасилна теорија отколку главната алтернатива дека нашите черепи се промениле за да се прилагодат на процесот на храна тешка за џвакање. Авторите велат дека сето ова сугерира на историја на боксерска активност каде насилството било клучно за нашата еволуција.

Кога се тепаат, луѓето најпрво целат на лицето, подвлекува ко-авторот на студијата Мајк Морган од Универзитетот на Јута. Самиот има црн појас во два вида на боречки вештини и е на обука во случај на потреба од итна лекарска помош.

„Ми дава искуство од прва рака за крајните резултати на човечкото насилство и агресија“, вели тој.

Во нова студија во журналот Биолошки евалуации, Морган и неговиот ко-автор наведуваат дека во текот на околу 4 милиони години старата евалуација, нашите хоминидни претци развиле подебели и поистакнати вилици, поцврста мускулатура во пределот на вилицата, посилни заби, како и целата коска под очите, сета област на лицето подложна на можни тупаници.

Минатата година авторите објавија напис во кој во детали објаснуваат како тупаницата еволуирла со тек на време за да биде подобро оружје за напад.

Само луѓето се борат со тупаници, кучињата касаат, а мачките гребат, шимпанзата не можат ниту да формираат тупаница, тие врзуваат шлаканици.

Морган објаснува дека ударот со тупаница е поболен споредено со шлаканицата бидејќи силата се фокусира на помала област.

„Доколку имате подобро оружје, теоретски може да извојувате повеќе победи, што значи дека има поголеми шанси да биде генетски преносливо, што ја дава суштината за еволуцијата“, вели тој.

Со подобрување на оружјето, се наведува во најновото истражување, се подобрила и одбраната.

„Со развој на способноста да се формира тупаница, подеднакво се развивале и посилни контури на лицето“, додава Морган.

„Во одреден период од човечкото постоење, имало и смисла да бидеме агресивни и насилни“, вели овој експерт. „Бил гаранција за опстанокот на нашиот род“.

Мозокот можно е да ја добил битката во развој споредено со мускулите кај модерните човечки суштества. Овие истражувања наведуваат дека нашите черепи се послаби во одредени клучни области споредено со нашите предци – промени што коинцидираат со падот на силата во горниот дел на телото и не толку силните удари со тупаница.

Сепак, студијата за еволуцијата на тупаницата не беше многу убедителна за критичарите, кои сметаат дека тупаниците се добри за поземање на алатки или други намени, не само за тепање. Морган и неговиот тим очекува жолчна дебата по објавената студија.
XS
SM
MD
LG