Линкови за пристапност

Економскиот раст на еврозоната го надмина американскиот


По неколкугодишна стагнација и по високата стапка на невработеност, се чини дека земјите од еврозоната го повратија економскиот раст, и во моментот тој е повисок отколку во САД и Велика Британија.

Економијата во еврозоната во текот на првото тромесечје од 2017-та година растеше со стапка од 1,7 проценти. Трговскиот суфицит на блокот во месец март се зголемил двојно во споредба со претходниот месец. Невработеноста се намалила, иако сепак стои високо на стапката од 9,6 проценти.

„За промена, Европа води во растот. Тоа е делумно поради врската меѓу Европа и Кина и побарувачката од Кина. Но во исто време, имаме и позитивни домашни фактори. Постои вистинско подобрување на домашната побарувачка, особено потрошувачката. Значи, опоравувањето е поопширно отколку во минатото“, вели професорот од Лондонската школа за економија Лоренцо Кодогоно.

Некои од економиите кои поминаа најлошо во време на должничката криза во 2008-та година сега се оправуваат најбрзо.

Португалија годинава со највисок раст во споредба со последниве десет години кој изнесува 2,8 проценти.

Предвидувањата се дека економија на Шпанија во 2017-та година ќе расте со 2,7 проценти. Минатиот месец земјата направи пресврт откако нивото на Бруто домашниот производ го надмина пред кризното ниво од 2008-та година.

„Ние сме сведоци на циклично опоравување затоа што Европската централна банка конечно почна да функционира како нормална централната банка во спроведувањето на квантитативно олеснување", вели аналитичарот Џон Спрингфорд од Центарот за европски реформи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG