Линкови за пристапност

Евротунел бара помош за напливот на мигранти


Смртоносно опасен пат: мигранти во близина на Евротунелот

Смртоносно опасен пат: мигранти во близина на Евротунелот

Од почетокот на годинава компанијата спречила преку 37.000 лица илегално да допрат до Велика Британија

Компанијата Евротунел, којашто управува со тунелот меѓу Франција и Англија, соопшти дека од почетокот на годинава сопрела преку 37.000 мигранти во обидот илегално да влезат во Велика Британија од континенталниот дел на Европа.

Компанијата ги повика Франција и Британија да сторат повеќе за да и` помогнат во справувањето со се` поголемиот број на мигранти. Таа издаде соопштение со ваква содржина по две ноќи на рекорден број на мигранти коишто се обиделе да влезат во тунелот.

Автомобил на обезбедувањето на Евротунел следи мигранти во близина на францускиот град Кале

Автомобил на обезбедувањето на Евротунел следи мигранти во близина на францускиот град Кале

Властите во францускиот приморски град Кале во северниот дел на земјата денес соопштија дека во текот на минатата ноќ регистрирале нови 1.500 мигранти коишто се обиделе да влезат во тунелот за да стигнат до Британија, како и дека го нашле телото на еден од нив којшто не успеал во тоа. Понеделникот навечер, пак, полицијата спречила рекорден број на 2.000 мигранти. Според француските медиуми, загинатото лице е Суданец, на возраст од 25-30 години, којшто најверојатно бил удрен од камион.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, којшто во моментов е во Сингапур, денес изјави дека земјата прави се` што може и дека соработува со Франција.

Од средината на јуни, загинале вкупно осум мигранти обидувајќи се да минат низ тунелот. До 10.000 мигранти од Африка, Блискиот Исток и други места живеат во привремени кампови во и околу Кале, градот којшто брои 70.000 жители. Сведоци велат дека последниве недели зајакнал притисокот на мигрантите да навлезат во 50-километарскиот подводен тунел, откако властите ја зајакнале безбедноста на пристаништето, за да ги спречат кришум да се префрлаат во Британија преку бродови.

XS
SM
MD
LG