Линкови за пристапност

Рекорднa невработеност од 11,8% во евро-зоната


Еуростат: во ноември 2012-та имало 3 милони повеќе невработени отколку истиот месец 2011-та.

Еуростат: во ноември 2012-та имало 3 милони повеќе невработени отколку истиот месец 2011-та.

Проблемот најголем во Грција и Шпанија, каде околу 57% од младите се без работа.

Невработеноста во земјите од евро-зоната достигна рекордни 11,8%, според податоците што денес ги објави Европската унија. Таа во ноември 2012-та нараснала за 0,1% во споредба со октомври. Во ноември имало речиси 19 милиони невработени во евро-зоната, што е за 113,000 повеќе споредено со претходниот месец.

Податоците во извештајот на европската агенција за статистички податоци Еуростат даваат и годишна компарација - во ноември 2012-та имало 3 милони повеќе невработени отколку истиот месец 2011-та.

Невработеноста и натаму е најголема во Грција и Шпанија, достигнувајќи 26%. Невработеноста меѓу младите од овие земји е уште повисока, околу 57%.

Ситуацијата е нешто подобра на ниво на целата ЕУ. Невработеноста во 27-те земји-члнеки, од кои некои не го користат еврото, во ноември изнесувала 10,7% и останала иста како и во октомври.
XS
SM
MD
LG