Линкови за пристапност

Каматните стапки во Европа на рекордно ниско ниво


Ова се случува во време кога има загриженост дека европската економија може да се уназади.

Европската централна банка ги намали каматните стапки, во обид да го поттикне слабото економско опоравување.

ЕЦБ ја намали главната каматна стапка на 0,05 проценти од претходната рекордно ниска каматна стапка од 0,15 проценти. Банката исто така ја намали својата депозитна стапка – што банките ја плаќаат на централната банка за нивните депозити.

ЕЦБ исто така објави нова стимулативна програма за купување на финансиски средства, за натамошно заживување на економијата на државата.

Целта е да се направи кредитот поевтин во време кога расте загриженоста дека економијата на Еврозоната сочинета од 18 држави може да се врати назад.

XS
SM
MD
LG