Линкови за пристапност

Споделена оценката и забелешките на ОБСЕ/ОДИХР


Заедничка изјава на Амбасадата на САД и Делегацијата на ЕУ за изборите во Македонија.

„Ја споделуваме оценката на ОБСЕ/ОДИХР во поглед на ефикасното спроведување на неодамнешните избори. Забелешките што тие ги изразија, слични на оние од 2011-та и 2013-та година, а кои се однесуваат на пристрасно покривање од страна на медиумите и на непостоење на разграничување на државните од партиските активности, што не овозможува рамноправен терен за натпревар, треба да бидат адресирани“, се вели во заедничката изјава на Амбасадата на САД во Македонија и на Делегацијата на ЕУ за тукушто одржаните претседателски и предвремените парламентарни избори.

Во писмената изјава, претставниците на САД и ЕУ бараат во тоа да бидат вклучени сите партии што ќе бидат дел од новата влада, и притоа да градат конструктивни односи со опозицијата.

„Тие мора да се осврнат не само на техничкиот аспект на организирање на избори, туку мора да ги адресираат и сите неправилности и диспропорционалности во поширокиот изборен систем, бидејќи со нив се ризикува да се поткопа довербата во демократскиот процес“, истакнуваат меѓународните претставници во првата реакција по изборите.

На крајот на изјавата се потенцира дека ЕУ и САД остануваат партнери на Македонија во евроатлантските напори на земјата, притоа повикувајќи ги сите лидери на политичките партии конструктивно да се ангажираат во реформите што ќе го унапредат тој процес. Воедно, на граѓаните на Македонија им одаваат признание што го искористиле своето право на глас.
XS
SM
MD
LG