Линкови за пристапност

Британија утре гласа, последни напори да се убедат гласачите


Повеќе од 45 милиони луѓе се регистрирани да гласаат, а резултатите се очекуваат рано во петок

Спротивставените страни во дебатата во Британија, дали да се остане во Европската унија, прават последни напори да ги убедат гласачите пред утрешниот референдум. Повеќе од 45 милиони луѓе се регистрирани да гласаат а резултатите се очекуваат рано во петок.

Лидерите од двете страни, учествуваа на дебата во вторник ноќта, и се обвинија меѓу себе за ширење лаги и страв со цел да обезбедат поддршка.

Минатонеделното убиство на член на Парламентот, која го поддржуваше членството во Унијата, изгледа предизвика некои гласачи да го сменат мислењето.

Британските законодавци се вратија од одмор да оддадат почит на пратеничката од Лабуристичката партија Џо Кокс, чиј убиец излезе дека бил политички мотивиран да ги изврши нападот.

Која и да е одлуката, дали да се остане во Европската унија или да се напушти блокот, ќе има големи последици врз политичките и економските врски нa Британија со останатиот дел од Европа.

XS
SM
MD
LG