Линкови за пристапност

Еврообврзници за излегување од кризата


Европските лидери се собираат во среда навечер за неформална средба во Брисел на чија агенда доминираат засилени повици за мерки за растеж и мрачните вести за состојбата во која се наоѓа економијата на еврозоната. На средбата францускиот претседател се очекува да претстави особено контроверзна мерка – еврообврзници.

Оваа средба на лидерите на ЕУ се случува среде променети политички и економски услови. Главниот проблем со кој се соочуваат 27-те европски лидери останува ист; создавање работни места и растеж на на проблематичната економија на еврозоната. Притисокот за силна и брза акција се зголемува среде стравувањата дека најслабата членка на зоната - Грција - може брзо да ја напушти унијата на заедничка валута од 17 членки, што е потег кој може да предизвика поголема криза.

Томас Клау ја води париската канцеларија на Европскиот совет за односи со странство. Тој не верува дека еврозоната е надвор од ризик. Тој смета дека во смисла на политичка волја, членките се определени да ја задржат еврозоната каква што е и таква да мине низ книзата. Но тој сепак не мисли дека тие направиле доволно за таа определба да се реализира.

Европските лидери неделава добија повеќе лоши вести неделава. Извештај на Организацијата за економска соработка и развој со седиште во Париз вели дека еврозоната ризикува силна рецесија. Шефот на организацијата Карло Падоан бара брза интервенција:

„Работите почнаа де се влошуваат повторно од неодамна. Значи, не можеме да го отпишеме најлошото сценарио, кое доколку се оствари може да доведе до сериозни последици насекаде во светот“.

Лидерите на ЕУ се соочени со засилени повици за преземање развојни мерки заедно со скратувањата во буџетот, во справувањето со кризата во еврозоната. Таа порака беше пренесена од американскиот претседател Барак Обама на самитот на Групата Осум во Кемп Дејвид минатата недела.

„Денеска се согласивме дека мора да преземеме чекори за поттикнување на вербата и промоција на растежот и побарувачката додека ги доведеме нашите фискални куќи во ред. Се согласивме за важноста на силна и кохезивна еврозона и го афирмиравме нашиот интерес Грција да остане во еврозоната додека ги испочитува своите обврски“.

Новиот француски претседател Франсоа Оланд таа порака ќе ја донесе во Брисел за време на неговата прва средба со европските партнери. Неговата силна поддршка на развој го става во расчекор со германската канцеларка Ангела Меркел која освен тоа сака силна доза на мерки за штедење и структурни реформи.

Лидерите на најголемите европски економии исто така се поделени и по концептот за еврообврзници. Тоа се заеднички пуштени во оптек обврзници кои можат да финансираат речиси се` и кои со време може да го заменат долгот на секоја дадена држава во ЕУ. Меркел е против нив. Но Оланд ќе турка за ова на самитот во Брисел.

Но идејата почнува да биде прифатена меѓу официјални лица на Европата. Претседателот на Европската комисија Мануел Баросо е меѓу нив. На неодамнешна прес-конференција тој рече дека тоа е комплетно нов механизам и систем на добивање финансирање за проекти кои се важни во Европа.

Европските лидери најверојатно ќе дискутираат и за други начини на стимулација на европската економија, заедно со помагање на други големи и проблематични европски банки, како оние во Шпанија, кои имаат тешкотии среде економската криза.

XS
SM
MD
LG