Линкови за пристапност

Како се сака Македонија?


Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими прославува по постигнатиот гол против Данска на пријателскиот натпревар на 6-ти февруари
Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими прославува по постигнатиот гол против Данска на пријателскиот натпревар на 6-ти февруари

Зошто дел од навивачите, наместо да се радуваат на спортските победи, навредуваат на етничка основа?

Минатата недела, македонскиот национален тим им приреди големо изненадување на своите навивачи, победувајќи ја со 3:0, според рејтингот, далеку подобрата фудбалска репрезентација на Данска. Иако мечот беше пријателски, на сите вљубеници во фудбалот во Македонија, репрезентативците им овозможија пријатни мигови кои не се особено чести последниве години кога е во прашање македонскиот клупски и репрезентативен фудбал во светски рамки.

„Ги слушнав навредите и не ми беа добронамерни, затоа што играме за Македонија и нема потреба да ги влошуваме односите од етнички аспект“.
Агим Ибраими, македонски репрезентативец
Но, Агим Ибраими и Мухамед Демири, етнички Албанци, фудбалери кои потекнуваат од Македонија и кои според изборот на селекторот Чеде Јаневски се најдоа во составот на А-репрезентацијата на Македонија на средбата со Данска минатата недела во Скопје, за порталот „Лајм“ по натпреварот изјавија дека биле вознемирени кога ги чуле навредите од дел навивачите и апелираа да се сопре со шовинистичките навреди.

Пријателски натпревар, но беспоштедна борба за топката: Адис Јаховиќ (десно) од репрезентацијата на Македонија во дуел со Даниел Агер од репрезентацијата на Данска
Пријателски натпревар, но беспоштедна борба за топката: Адис Јаховиќ (десно) од репрезентацијата на Македонија во дуел со Даниел Агер од репрезентацијата на Данска
“Да, ги слушнав навредите и не ми беа добронамерни, затоа што играме за Македонија и нема потреба да ги влошуваме односите од етнички аспект. Ова не е во ред. Затоа, апелираме до навивачите, во идните наши претставувања во репрезентацијата, на самите фудбалски натпревари, таквите навреди да прекинат. Едноставно, не ни се допаѓаат таквите појави. Бараме максимална поддршка за националниот тим, да го бодрите на фер и коректен начин!“, рекол Ибраими.

„Мислам дека треба да преземе некој чекор Фудбалската федерација на Македонија и да се избегне оваа непријатна појава. Јас искрено се надевам дека таквите навреди кон нас, кои беа присутни со Данска, ќе бидат последни“.
Мухамед Демири, македонски репрезентативец
И Демири не може да да разбере како е можно таквото сценарио и зошто како македонски репрезентативец е навредуван врз национална основа, „со оглед на тоа што ние сме сепак репрезенти на Македонија!“.

„Мислам дека треба да преземе некој чекор Фудбалската федерација на Македонија и да се избегне оваа непријатна појава. Јас искрено се надевам дека таквите навреди кон нас, кои беа присутни со Данска, ќе бидат последни“, изјавил Демири.

Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски, на прашањето на Гласот на Америка за македонски јазик - каков е ставот на Федерацијата за инцидентот и шовинистичките навреди на последниот
„ФФМ го осудува секој излив на национализам на стадионите, сеедно дали е од етнички македонски или етнички албански навивачи“.
Златко Андоновски, портпарол на ФФМ

натпревар против Данска - изјави: „ФФМ го осудува секој излив на национализам на стадионите, сеедно дали е од етнички македонски или етнички албански навивачи. И сеедно, дали се случува на натпревар на националната репрезентација, или на клубовите од Македонија. Видовме на кој начин се радуваше Ибраими на натпреварите против Србија, Хрватска или Словенија, и на натпреварот против Данска. Спортот подразбира да имаш ривал, да се обидеш да бидеш - скалило погоре, нацијата да се идентификува со репрезентацијата... Спортот не значи националната, колективната или личната фрустрација да се претворат во омраза
„Ниту еден државен орган не виде основа за поведување постапка. Ниту еден државен фактор не излезе со соопштение за осуда на навредите врз национална основа и не поведе постапки за казнување на навивачките групи“.
Мирјана Најчевска, универзитетска професорка

како извор на мотивација. Фудбалот се игра, пред се`, за навивачите, а тие се на стадионите и поради Ибраими, и поради Пандев, и многуте други фудбалери и спортисти кои ни носат радости. Ова е идеална прилика да се оградиме од сите кои националната омраза ја ставаат во прв план! На крајот, избликот на национализам нема да и` помогне на Македонија да победи! Македонската репрезентација се и Ибраими и Пандев, и Демири и Новевски, и сите останати... Македонската репрезентација се обидува да победи, затоа што сите играчи веруваат дека се подобри од соперникот на зелениот терен. Ние мораме на репрезентацијата да и` ја дадеме сета поддршка која е потребна. Накратко, и ФФМ, и нејзиниот претседател, и фудбалерите, во тој поглед ги осудуваат сите инциденти“.

„Се` додека во Македонија постои вжештена дебата за тоа дали претставник на една или на друга заедница може да биде претседател, премиер, или министер, се` додека медиумите, во зависност од нивната етничка афилијација, заземаат политички став за одбрана на некој етникум, а не професионален став за пренесување на информации..., се дотогаш, припадноста и лојалноста кон етникумот ќе биде посилна од чувството за припадност кон севкупната заедница!“.
Алберт Муслиу, аналитичар
Но, во македонските медиуми по натпреварот, не се појави јавна осуда на шовинистичкиот испад на дел од навивачите, ниту од репрезентативците – колеги на навредуваните фудбалери, ниту од ФФМ, ниту од нејзиниот претседател или од селекторот.

Што конкретно ќе преземе ФФМ, за да се спречат слични скандали? Андоновски вели: „Во блиска иднина, можеби уште во март, ќе ја започнеме кампањата „100 % фудбал!“, која се однесува токму на навивањето и на начинот на кој навивачите ќе и` ја изразуваат поддршката на репрезентацијата и на тимовите на стадионите. Таа кампања е подржана од УЕФА и од сите амбасади во Македонија, како и од невладиниот сектор, односно, од сите организации и институции кои се поврзани со овој дел од македонското општество“.

„Насилни луѓе има насекаде, и луѓе кои дискриминираат, навредуваат и омаловажуваат по различни основи. Меѓутоа, развиените демократски средини реагираат на ваквите ситуации“, коментира за Гласот на Америка на македонски јазик професорката на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, Мирјана Најчевска, на прашањето - каде ги лоцира корените на изливите на омраза и фрустрација, главно кај младата популација на стадионите?

„Живеев за тој ден кога ќе го облечам тој дрес, на кој е грбот на Македонија. Мојот сон конечно се оствари, играјќи за мојата земја! Дали сум муслиман или православен... јас ја сакам оваа земја во која сум се родил и пораснав, тоа сигурно дека никој не може да ми го земе. ТЕ САКАМ МАКЕДОНИЈА!“
Адис Јаховиќ, македонски репрезентативец
„Прво, реагира државата која презела обврска да ги заштити своите граѓани од овој вид на насилство. Но, не и во Македонија! Ниту еден државен орган не виде основа за поведување постапка. Ниту еден државен фактор не излезе со соопштение за осуда на навредите врз национална основа и не поведе постапки за казнување на навивачките групи. Дури ни МВР, кое организирало присуство на ученици на натпреварот - под мотото: “Навивач ДА – насилник НЕ“. Дури ни Агенцијата за млади и спорт, која по функција би требало да реагира на ваков вид настани...

Во развиените демократски средини, реагираат спортските здруженија што во своите статути имаат одредби со кои ја потенцираат својата неспоивост со било која форма на дискриминација и на дискриминаторско однесување. Ниту едно спортско здружение во Македонија не реагираше! Нема осуда, нема поведување постапка против прекршителите на законот...

Потоа, во светот, реагираат и здруженија за заштита на човековите права и медиумите. Но, не и во Македонија. Молк! Како да не се случило. И, како да нема да се случи. Одново и одново. Како можам да очекувам друг начин на однесување на младите навивачи, кога ваквиот е очигледно поддржан и позитивно вреднуван, како од државата, така и од спортските здруженија и од медиумите и од целото цивилно општество? Политиката го создава анимозитетот, цивилното општество го мултиплицира, а младите само јавно го манифестираат“, вели Најчевска.

За аналитичарот Алберт Муслиу, „прилично е тешко да се заеме став околу толку нерационални навреди. Имено, да тврдиш дека навиваш за репрезентацијата на Македонија, и да го навредуваш тој што носи победа за неа, е малку повеќе од наивно, нерационално и тенденциозно! Но, не сум убеден дека тие млади навивачи се толку пресметани да го прават тоа, само како одраз на влијанието на околината, или на длабоко вкоренетите стереотипи и анимозитети. Сепак, мислам дека во најмала рака, тие добиваат поттик од разни политички, добро пресметани кругови, кои нивната младост и наивност, неретко ја користат за свои политички цели!“

На прашањето дали и кога патриотизмот, сфатен како љубов и лојалност кон земјата од која се потекнува, ќе го надвладее шовинзимот на спортските арени во Македонија, професорката Најчевска возвраќа: „Лично не мислам дека во случајов треба да зборуваме за патриотизам и за тоа како “здравиот“ патриотизам да надвладее над шовинизмот. Треба да зборуваме за дискриминацијата и говорот на омраза, кои станаа посакувани начини на однесување, по нивната промоција од медиумски присутни и извикани личности, како и за етничкиот и верски анимозитет, врз кој се гради политичката структура на одделни партии!“.

На истото прашање, аналитичарот Муслиу наведува: „Ова прашање е многу покомплексно и ги има своите одговори не само во дневната политика, или во екстремните испади на разни навивачи или навивачки групи. Одговорот на ова прашање лежи и во односот на севкупното општество, на политичките елити и преку нив, и на институциите, на ескпонентите на научната фела, со еден збор, на сите општествени чинители. Се` додека во Македонија постои вжештена дебата за тоа дали претставник на една или на друга заедница може да биде претседател, премиер, или министер, се` додека медиумите, во зависност од нивната етничка афилијација, заземаат политички став за одбрана на некој етникум, а не професионален став за пренесување на информации..., се дотогаш, припадноста и лојалноста кон етникумот ќе биде посилна од чувството за припадност кон севкупната заедница! И, ова важи не само за немнозинските заедници, туку за мнозинската, затоа што, кога се зборува за државата, се промовира теоријата дека таа и припаѓа повеќе на една отколку на другите заедници. Така што, припадниците на таа заедница на крајот имаат тенденција да ја „бранат државата“ од припадниците на немнозинските заедници и тоа, „во име на заедницата“. Од друга страна, поединците, припадници на немнозинските заедници „ги бранат нив и нивните интереси“ од државата и мнозинската заедница. Се` додека оваа реалност постои, патриотизмот ќе биде во втор план“.

А, можеби, на сите политички и експертски анализи, може како насока да им послужи емоционалната изјава на новиот македонски репрезентативец, Адис Јаховиќ, кој по мечот со Данска, напиша на социјалните мрежи: „Живеев за тој ден кога ќе го облечам тој дрес, на кој е грбот на Македонија. Мојот сон конечно се оствари, играјќи за мојата земја! Дали сум муслиман или православен... јас ја сакам оваа земја во која сум се родил и пораснав, тоа сигурно дека никој не може да ми го земе. ТЕ САКАМ МАКЕДОНИЈА!“
XS
SM
MD
LG