Линкови за пристапност

Разновидна нација – фузија во кујната


Разновидна нација – фузија во кујната

Разновидна нација – фузија во кујната

Уличните продавачи во САД експериментираат со храна во која се мешаат повеќе влијанија.

Идеални места каде може да купите ефтин ручек додека сте на работа: мобилните киосци за храна во возила се дел од урбаниот декор на САД. Нивните сопственици нудат храна од детството, без разлика дали се имигранти кои ја претставуваат кујната на земјата од каде дошле, или пак родени Американци кои нудат јадења по бабините рецепти.

Од поскоро време, киосците започнаа да нудат храна што претставува фузија на повеќе различни кујни, креирајќи нова американска кујна. Корејското тако, на пример.

Кимчи пржен ориз

Кимчи пржен ориз

„Завиткано во мексиканска пченкарна тортија, а содржи луто свинско,направено на корејски начин“, го објаснува јадењето Камла Сакстон, сопственичка на киоскот „Мобилна туршија“ во Сиетл.

„Ставаме од пиперките халапењо подготвени во домашна туршија, на корејски или хавајски начин. На тој начин, имате многу етнички влијанија во едно тако“, вели Сакстон.

Корејското тако можеби е новост за многумина Американци кои ќе го купат за ручек, но Сакстон раскажува дека тоа е природна комбинација за неа, особено со оглед на фактот од каде потекнува.

Корејско тофу тако

Корејско тофу тако

„Во мене тече корејска, хавајска, филипинска и шпанска крв“, вели таа. „Во фамилијата имам барем по неколкумина кои знаат да готват според една од тие кујни“.

Фузијата не е само на менито на киосците чии сопственици се со разновидно етничко потекло. Историчарката Џејн Зигелман, која пишува за уличната храна на Њујорк, коментита дека и онаму каде нема мултиетнички семејства, киосците биле место каде луѓето се собирале и откривале – што јаде соседот.

“Во историјата на САД, ирските деца јадеа краставички од еврејска туршија; италијанските имигранти јадеа еврејски палачинки од компир. Разни нации пиеја сода-вода, што, всушност, е дел од уличната храна. Луѓето низ историјата јадеа храна од другите култури“, наведува Зигелман.

Самата таа размена и е причината за еволуцијата на менијата на киосците, што доведе до трансформација на класичниот американски хот-дог.

Улично мени што нуди јапонска верзија на американскиот хот-дог

Улично мени што нуди јапонска верзија на американскиот хот-дог

„Нарасна бројот на јадења што со себе во новата земја ги донесоа имигрантите. Истовремено, станаа поголеми како оброк и поблаги во однос на зачините, што е типично откако ќе влезат во американски контекст“, коментира Зигелман.

Станаа и подвижни, благодарение на киосците. Така, хот-догот од чинија започна да се служи во лепче, а варениот ѓеврек стана основа на киоск-сендвичот со чаден лосос и растопено сирење.

Во Портланд, сојузната држава Орегон, Меган Валхуд нуди фузија на американската брза храна со специјалитети од нејзиното семејство со европско потекло. Заедно со вереникот Џереми Дениелс го држат киоскот „Викиншка храна за душата“.

„Основата е норвешката компирова палачинка лефсе, со која израснав, јадејќи ја секоја година за Божик“, открива Валхуд. „Џереми дојде на идеја да ја користиме како тортиља и да ја полниме со најразлични видови на храна“.

Нјапопуларно јадење на овој киоск е лефсе со ќофтиња, во кое тие се според рецепт на бабата на Валхуд. Врз ќофтињата се става кисела зелка и сос од растопени скандинавски сирења. Вакво нешто не може да најдете на улицте на Норвешка, но Даниелс и Валхуд затоа велат дека го задоволува апетитот и вкусот на луѓето во САД од најразлични потекла.

„Викиншка храна за душата“ нуди полнети палачинки од компирово брашно.

“Луѓето ќе видат дека содржи свински или говедски ќофтиња, дека има сос од растопено сирење, така што многу не му ја мислат“, шеговито коментира Даниелс.

Сопствениците ја подвлекуваат фузијата на традиционалното со егзотичното како главната мамка за долгите редици пред киосците.

„Во САД е толку традиционално да нарачате тако за ручек. Но, доколку не сте пробале корејска храна, или хавајска, таквото тако станува незапирлив предизвик“, вели Сакстон од „Мобилна туршија“ во Сиетл. .

Историчарката Зигелман се стави во улога на муштерија: „Пробав корејско тако. Навистина е добро. Интересно е како овие видови на храна, што не пораснале заедно и немале потреба од хармонизирање, сега се споени на прекрасен начин“.

Кога и тие, на кои професија им е да кажат каква е храната, велат дека е добро, тогаш вреди да се проба, зарем не?

XS
SM
MD
LG