Линкови за пристапност

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган со американскиот претседател во Белата куќа ќе разговара за Сирија

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган се очекува да изврши притисок врз САД да заземат поактивна улога како одговор на ситуацијата во Сирија, кога ќе се сретне со претседателот Барак Обама во Белата Куќа.

Прес секретарот на Белата куќа Џеј Карни кажа дека лидерите ќе дискутираат за начините да се изведе „есенцијална“ транзиција во Сирија. Меѓу нив и помошта за сирискиот народ и бунтовниците против претседателот Башар ал-Асад, како и за поддршката за предложената мировна конференција што треба да се случи следниот месец во Женева.
XS
SM
MD
LG