Линкови за пристапност

Првиот американски спејс шатал изложен во Њујорк


Во четврток започнува нова мисија на американскиот спејс шатал Ентерпрајз...

Во четврток започнува нова мисија на американскиот спејс шатал Ентерпрајз, со неговото изложување во Музејот за воздухопловство и вселена во Њујорк.

Првиот спејс шатал е сместен во воздушна купола закачена на околу 300 сантиметри во воздух над палубата на носач на авиони од Втората светска војна, што им дава на посетителите шанса да шетаат под огромното летало, кое има распон на крилата од 23 метра.

Ентерпрајз беше изграден во 1976 како тест-возило за демонстрирање на способноста на вселенското летало за летање и приземјување како авион, подготвувајќи го патот за наредните пет шатали кои потоа летаа во вселената за време на 30-годишната историја на шатал програмата.

Ентерпрајз пристигна во Њујорк откако неговото место во вашингтонскиот музеј го зазеде спејс шаталот Дискавери. Ендевор е изложен во Калифорнија, а Атлантис во Флорида. Другите два спејс шатали Челинџер и Колумбија беа уништени за време на лет, во 1986 и 2003.
XS
SM
MD
LG