Линкови за пристапност

„Елитни“ спортисти


Дали е се` во предиспозицијата?

Тренираат деноноќно и живеат за настанот што се одржува на секои четири години. Многу пролеана пот, многу откажувања, се` за да блеснат на Олимпијадата, како оваа во Лондон. Спортисти - луѓе како сите нас, но со маркантни остварувања на олимписките борилишта. Само се наметнува прашањето - дали нивниот успех се должи на предиспозициите?

Докторите Мајкл Џојнер и Мајкл Боствик од Клиниката Мајо во Минесота го истражувале овој феномен.

„Повеќето спортисти имаат нешто што ги издвојува од обичните луѓе и им овозможува да се натпреваруваат на високо ниво“ вели Боствик.

„Одреден тип на човечкото тело може да е предодреден за еден спорт, наспроти друг“, смета Џојнер.

Некои од најдобрите пливачи, на пример, се високи меѓу 1,9 и 2 метра, а тешки околу 90 килограми.

Во други спортови е спротивно.

„Во гимнастиката, на пример, постои сложена психолошка и физичка врска - колку тежите и колку сте силни. Соодносот е подобар кај оние што се пониски“, наведува Џојнер.
XS
SM
MD
LG