Линкови за пристапност

Започнува гласањето во круцијални избори во САД


Аналитичарите велат дека републиканците имаат добри шанси да ги освојат двата дома на Конгресот.

Гласачите низ САД започнаа да гласаат во значајни избори што може да решат дали демократите или републиканците ќе ја имаат контролата врз Конгресот за време на последните две години од мандатот на претседателот Барак Обама.

Сите 435 места во Претставничкиот дом и третина од местата во Сенатот се во залог. Главниот фокус е на Сенатот, каде многу политички аналитичари велат дека републиканците имаат голема шанса да добијат шест места потребни за преземање на контролата на домот од Демократската партија на претседателот Обама , која држи тесно мнозинство од 55 места.

Со рејтингот на претседателот на ниските 40 проценти, најдобри шанси Републиканската партија има во неколку држави каде Обама загуби пред две години за време на кампањата за ре-избор.

Републиканците се очекува да го задржат, па дури и да го прошират нивното цврсто мнозинство од 233 места во Претставничкиот дом.

XS
SM
MD
LG