Линкови за пристапност

Кристи и Меколиф – победници во клучни локални избори


Резултатите се сметаат за индикација на расположението на гласачите пред конгресните избори следната година.

Демократот Тери Меколиф ја доби трката за гувернер на Вирџинија, во тесна победа над конзервативецот на Ти парти, додека на победата на гувернерот на Њу Џерси во клучно гласање во вторникот се смета за индикација на расположението на гласачите пред изборот за Конгресот следната година, кои доаѓаат на половина на мандатот на претседателот.

Друга клучна трка беше во Њујорк, каде гласачите го избраа Бил де Блазио, првиот демократски градоначалник од 1989, да го наследи републиканецот кој стана независен, Мајкл Блумберг.

Во Њу Џерси, Кристи ја одржа гувернерската функција со над 50 проценти од гласовите, привлекувајќи поддршка од демократи и независни. Кристи ги вознемири републиканците минатата година кога стана пријател со претседателот Барак Обама за време на напорите да се помогне на жителите на државата од Суперневремето Сенди.

Гувернерската трка беше многу потесна во државата Вирџинија, каде гласачи беа и жители од населбите на Вашингтон ДЦ, и жители на конзервативните рурални области. Демократот Меколиф тесно го победи конзервативниот кандидат на Ти парти, Кен Кучинели, за кого аналитичарите велат дека може да бил повреден со фактот што неговите поддржувачи се повеќе од крајната десница отколку умерени.

Американските политички аналитичари во вторничките резултати гледаат знаци што ќе им помогнат да ги предвидат рзултатите од конгресните избори следната година.
XS
SM
MD
LG