Линкови за пристапност

Американските медиуми за изборите во Македонија

  • Ведран Андоновски

Американските медиуми за изборите во Македонија

Американските медиуми за изборите во Македонија

Македонските конзервативци победија на предвремените избори, но им е потребна коалиција за да владеат“, гласи насловот во Вашингтон пост.

Новата влада ќе треба да се справи со слабата економија, горчливиот спор околу името со Грција и продолжителната напнатост со етнички-албанското малцинство, стои во извештајот во весникот.

Национално јавно радио истакнува дека ова е трет мандат што премиерот Никола Груевски го добил од гласачите и ја пренесува неговата изјава дека изборите биле дефинитивно праведни и слободни. Радиото додава дека опозицијата го признала поразот.

ТВ-мрежата ЦБС наведува дека слободата на медиумите, обновувањето на замрената економија и социјалната заштита излегле на преден план во изборната кампања, пред вообичаените теми, како членството во НАТО. Во извештајот се наведуваат и обвинувањата на опозицијата дека владата во акцијата против Телевизијата А1 била политички моивирана, како и дека беспотребно потрошила десетици милиони евра на грандиозни проекти за згради и споменици во Скопје, во ситуација кога еден на секои три жители на Мекдонија е под нивото на сиромаштија, а невработеноста е 32%.

Извештаи со слична содржина за изборите, повикувајќи се на агенциски извештаи, објавија и Блумберг, Форбс, Ју-Ес-Еј тудеј, Бостон глоуб и други.

XS
SM
MD
LG