Линкови за пристапност

Главниот судија на египетскиот Врховен суд даде заклетва на функцијата привремен лидер на државата, еден ден откако армијата го собори од власт првиот демократски избран претседател, Мохамед Морси.

Откако даде заклетва, Адли Мансур ги фалеше протестантите кои бараа оставка на Морси.

Шефот на армијата Абдул Фатах Калил Ал-Сиси вчера имаше телевизиско обраќање во кое кажа дека армијата го прави тоа што египетскиот народ го бара и го суспендира одвај шест месеци стариот устав.

Тој претстави мапа за иднината на владата, вклучувајќи поставување на привремен лидер, панел за ревидирање на уставот, национална комисија за помирување, и нови претседателски и парламентарни избори. Тој рече дека на мапата се согласиле голем број политички групи.

Поранешниот претседател Морси наводно е во куќен притвор. Државните медиуми јавуваат дека налози за апсење се издадени за околу 300 припадници на Муслиманското братство. Улиците на Каиро се мирни.
XS
SM
MD
LG