Линкови за пристапност

Египетската опозиција бара прегласување


Египетската главна опозициона коалиција Национален фронт за спас соопшти дека нема да прифати никакви неофицијални резултати по референдумот.

Египетските опозициони групи велат дека првата рунда гласање по референдумот за промени во Уставот поддржан од исламистите, била проследена со бројни недоследности и треба да биде повторена.

Египетската главна опозициона коалиција Национален фронт за спас, во неделата изјави дека нема да прифати никакви неофицијални резултати по референдумот. За вторник, тие повикаа на демонстрации ширум целата земја, пред да се одржи втората етапа на гласање во сабота.

Муслиманското братство, поддржувачите на претседателот Мохамед Морси, објави победа на гласањето во саботата, со напомена дека според неофицијалните податоци, нацрт-Уставот наишол на поддршка од 56% од гласачите. Муслиманското братство потенцираше дека на гласањето се одзвала една третина од 26-те милиони лица со право на глас.
XS
SM
MD
LG