Линкови за пристапност

Примени сигнали најверојатно од црните кутии на египетскиот авион


Египетски официјални лица соопштија дека за една недела во областа каде се урна авионот, треба да пристигне друг брод за пребарување, за да помогне во преземање на црните кутии штом ќе бидат лоцирани

Претставници на египетското воздухопловство изјавија дека француски брод примил сигнали, најверојатно од црните кутии на египетскиот авион што минатиот месец се урна во Средоземното Море, при што загинаа 66 лица.

Властите се обидуваат да дојдат до снимените податоци, со цел да се утврди причината за несреќата на авионот на „Иџипт ер“ што сообраќаше на релација Париз – Каиро.

Според истрагата бил забележан чад во кабината неколку минути пред несреќата, но засега нема индикации зошто се случило тоа.

Египетски официјални лица соопштија дека за една недела во областа треба да пристигне друг брод за пребарување, за да помогне во преземање на црните кутии штом ќе бидат лоцирани.

XS
SM
MD
LG