Линкови за пристапност

Пронајдени остатоци од урнатиот египетски авион


Портпаролот на Белата куќа рече дека е прерано да се посочи на точната причина за несреќата

Египетската армија соопшти дека пронашла остатоци од урнатиот авион на „Иџипт Ер“ на околу 300 километри северно од Александрија во водите на Средоземното Море.

Ова го обелодени портпаролот на армијата, бригадирниот генерал Мохамед Самир, кој кажа дека над водата биле забележани „лични предмети на патниците и делови на авионот“.

Авионот Ербас А320 со 66 патници, сообраќал на релација Каиро – Париз и исчезнал од радарот, непосредно откако навлегол во египетскиот воздушен простор.

Египет и Грција во потрагата испратиле авиони и бродови, а се очекува да се приклучат и тимови од Франција. САД испратија набљудувачки авион.

Францускиот министер за надворешни работи ги отфрли коментарите дека тероризам е причината за падот, велејќи дека, цитираме, нема апсолутно никаква индикација, за вистинската причина.

Во Каиро, египетскиот министер за авијација, Шериф Фати, кажа дека Фрнација би била одговорна за какви било безбедносни пропусти, доколку се открие дека се работи за терористички напад, повторно потенцирајќи дека поверојатно се работи за тероризам, отколку технички проблем.

Претседателот Барак Обама беше брифиран за најновиот развој на настаните. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест изрази сочувство за семејствата на загинатите, но истакна дека е прерано да се посочи на точната причина за несреќата.

Експертите предупредуваат да се внимава на секаква шпекулација, потенцирајќи дека во моментов има премалку информации за да се донесуваат какви било заклучоци.

XS
SM
MD
LG