Линкови за пристапност

Студија: Египќаните денес понезадоволни, но и понадежни


Студија: Египќаните денес понезадоволни, но и понадежни

Студија: Египќаните денес понезадоволни, но и понадежни

Истражување на Галуп покажа дека Египќаните се помалку задоволни од нивниот живот во споредба со претходните години, но дека тие исто така имаат повеќе верба во нивната иднина отколку што имале за време на деновите на владата на соборениот Хосни Мубарак.

Нема дилеми дека ова беше турбулентна година во Египет.

Во јануари Египќаните излегоа на улиците да протестираат против владата, корупцијата и кршењето на човековите права.

Во февруари претседателот Мубарак замина од власта, завршувајќи ја ерата од речиси 30 години на претседателска функција.

Во втората половина на март и почеток на април, Египќаните беа помалку задоволни со нивниот животен стандард отколку што биле со години.

Тоа е наоѓањето на нов извештај од Галуп центарот во Абу Даби, заснован на интервјуа лице-в-лице со околу илјада египетски полнолетни лица. Во светлина на народното востание Египќаните известија дека чувствуваат оти нивните заедници станале помалку безбедни и дека е потешко да се најде работа, здравствено осигурување и стан.

Сепак, и покрај опаѓањето на нивниот претпоставен стандард на живеење, помалку Египќани кажале дека сакаат да емигрираат.

Мохамед Јунис, виш аналитичар за Галуп центарот во Абу Даби вели дека истражувачите нашле оти Египќаните имаат обновено чувство на оптимизам за нивната иднина и политичката перспектива.

„Најдовме дека луѓето се всушност попозитивни одошто беа. Тие имаат визија за новата влада каде религиозните принципи ќе го водат демократскиот процес, но каде свештениците играат ограничена советодавна улога во легислативата“.

Извештајот, објавен во вторникот во Вашингтон, исто така покажа дека малкумина Египќани гледаат на земји како Исламската Република Иран како на политички модел.

„Тие сакаат нов модел што ќе одговара на нивната историја, на нивната демографија и на нивната економска приказна“, вели Јунис.

Во вести поврзани со ова, Хјуман рајтс воч кажа дека египетската транзиција кон демократија што го почитува владеењето на правото е во ризик освен ако воената транзициона влада веднаш не пристапи кон реформа за почитување на човековите права.

Групата кажа дека тоа вклучува прекин на вонредната состојба во земјата, обезбедување дека официјални лица инволвирани во сериозни прекршувања на човековите права се судски гонети и поништување на законите кои го ограничуваат слободното изразување.

XS
SM
MD
LG