Линкови за пристапност

Обама интервенира во законот за образование


Обама интервенира во законот за образование

Обама интервенира во законот за образование

Американскиот претседател Барак Обама се очекува во петок да објави план за изземање на држави од некои провизии на федералниот закон за образование, усвоен за време на мандатот на неговиот претходник.

Администрацијата ќе дозволи изземање од барањето секој ученик да биде комплетно образован во областа на математиката и читање до 2014. Во замена за ова, државите ќе треба да покажат дека имаат план да им помогнат на оние со најлоши резултати да се поправат.

Во соопштение објавено во четврток Обама кажа дека изземањето ќе им даде на државите и на локалните образовни општини шанса да „ослободат енергија за подобрување на училиштата на локално ниво“.

Образовниот закон, познат како „Ниедно дете да не заостанува“ потпишан од претседателот Џорџ В. Буш во 2002 беше критикуван заради преголемиот фокус на стандардизирани тестови за ученици што ги казнува дури и училиштата со добри резултати доколку неколку деца покажат лоши резултати на тестирањето.

XS
SM
MD
LG