Линкови за пристапност

Економистите предвидуваат напредок во САД


За разлика од првото стагнантно тримесечје, се очекува растежот да биде над три проценти во другите три квартали на 2014-та

Економските прогнозери велат дека очекуваат американската економија да напредне со побрзо темпо во следните месеци.

Американската економија се намалила за еден процент во првите три месеци на годината. Но, Националната асоцијација за бизнис економија во понеделник кажа дека нејзината група од 47 прогнозери очекуваат растежот да се одвива со годишна стапка од повеќе од три проценти во секое од последните три тримесечја на 2014.

Претседателот на профессионалната група Џек Клајнхенц, економист од Националната федерација за малопродажба вели дека има консензус оти економијата ќе се врати на здрав пат со годишна стапка на растеж од 3,5 проценти во сегашниот квартал, со помали скокови во втората половина на годината.

Групата предвиде 2,5 растеж за годината во целина, што е пониско од поранешната проекција од 2,8 проценти.
Економистите велат дека очекуваат трудовиот пазар на државата годинава да додаде во просек 209.000 работни места месечно.
XS
SM
MD
LG