Линкови за пристапност

Јелен: Студеното време ја олади економијата


Раководителката на американската централна банка вели дека лошото време оваа зима може да е причина за некои знаци на забавување на економскиот растеж.

Претседателката на Федералните резерви Џенет Јелен зборуваше пред клучна Комисија на сенатот во четврток. Таа кажа дека официјални лица на Централната банка ќе ги следaт новите економски податоци многу внимателно за да донесат исправна одлука колку брзо треба да се намалат напорите за стимулирање на економијата.

Снегот и многу студеното време се обвинуваат за забавената продажба на домови, автомобили и други добра зашто потрошувачите сакале да останат дома на топло.

Друг економски извештај објавен во четврток покажа дека бројот на Американци кои примаат помош заради невработеност пораснал за 14.000 на цифрата од 348.000 на национално ниво.

Иако зголемувањето е повеќе отколку што економистите предвидувале, целосната бројка е се` уште доволно мала да индицира постепено подобрување на пазарот на работна сила.
XS
SM
MD
LG