Линкови за пристапност

Штрајкови за зголемување на минималната плата


Во сто градови во САД синдикатите организираа собири барајќи зголемување од сегашните 7долари и 25 центи на 15 долари за час.

Работници во индустријата за брза храна штрајкуваат во повеќе американски градови во четврток, во тешка битка за кревање на минималната плата во државата.

Трудовите организатори велат дека работниците во синџири за храна како Мекдоналдс, Вендис, Бургер Кинг и други, планираат да излезат од нивните ниско платени работни места во 100 градови, а демонстрации се планирани и во други заедници.

Работниците во ресторани за брза храна бараат 15 долари за час на национално ниво. Тоа е повеќе од два пати од она што сега го добиваат – 7,25, велејќи дека не можат да живеат или да издржуваат семејство на таква плата која изнесува 15.000 долари годишно.

Бројни директори на корпорации во САД, но не сите, се противат на пораст на цифрата и велат дека тоа ќе ги натера да затворат некои од нивните ограноци. Конзервативните американски законодавци исто така генерално се против кревањето на платата, тврдејќи дека тоа ќе и` наштети на економијата.

Протестите се случуваат еден ден откако претседателот Барак Обама го сврте вниманието кон растечкиот јаз во примањата во САД, меѓу богати професионалци и заработувачи на ниски надници. Тој вети поддршка за зголемување на минималната плата, но не се заложи за специфична цифра.

Владата во четврток извести дека американската економија, најголема во светот, пораснала за 3,6 проценти годишна стапка во периодот од јули до септември, што е најбрзо од почетокот на 2012. Но извештајот кажа дека речиси целиот растеж се случил со голем скок во зголемување на резервите на производи во компаниите.

Аналитичарите кажаа дека растежот во резервите најверојатно нема да биде повторен во последните три месеци од годината кога напредокот на економијата на државата се очекува да забави.

Во друг извештај, САД кажаа дека бројот на Американци кои за прв пат поднесуваат барање за бенефиции заради невработеност паднал за 23.000 минатата недела, што е најниско ниво за речиси шест години – на 298,000.

Владата во петок ќе го објави извештајот за невработеност за ноември. Во октомври стапката на невработеност беше 7,3 проценти додавајќи 204.000 работници на платните списоци.
XS
SM
MD
LG