Линкови за пристапност

Економистите апелираат за договор за американскиот долг


Двајца од врвните американски економисти велат дека драмата во врска со фискалната ситуација на САД само и` штети на економијата.

Аналитичкиот економист на Муди, Марк Занди вели дека драмата и неизвесноста што ги опкружува преговорите за долгот во САД му штетат на кревкото економско опоравување. Тој има едноставна порака за законодавците:

„Треба ова да го договорите, зашто неизвесноста не` убива“.

Занди кажа дека далекусежендоговор за долгот би ја поттикнал американската економска машина.

„Доколку ова го договориме, ќе можеме да мрднеме напред. Ќе креираме многу работни места и невработеноста ќе се повлече на сигурен начин“.

Со Занди се согласува економистот Кевин Хасет, кој служел како советник на поранешниот републикански претседателски кандидат Мит Ромни.

„Најдобрата можна работа што може да ја направиме сега за невработените Американци да ги поправиме нашите големи проблеми“.

Претседателот Барак Обама и конгресните Републиканци до сега не можеа да го надминат големиот партиски јаз што ги дели. Марк Занди вели дека доколку озборот е меѓу слаб пакет што ги одлага тешките одлуки или симнување од работ на бездната пред која сега се стои, тој би ја одбрал втората опција.

Таков исход би бил шок за американската економија, но според Занди краткорочната тешкотија вреди да се издржи ако генерира политичка волја во Вашингтон да се корегира фискалната нерамнотежа.

Кевин Хасет прави сличен аргумент за буџетските битки:

„Секогаш кога минуваме низ тоа, плаќаме краткорочна цена. Но ако со тоа трошоците се стават под контрола, коа е корисно“.

Претседателот Обама кажа дека нема желба да ја види Америка како паѓа во фискална бездна, но претставници на Белата куќа велат дека тие се подготвуваат за можноста доколку пропаднат преговорите.

Годишниот федерален дефицит надминува еден трилион долари и американскиот национален долг надминува 16 трилиони.
XS
SM
MD
LG