Линкови за пристапност

Бернанке поттикнува конгресна поддршка за економијата


Шефот на Американската централна банка врши притисок на Конгресот за контрола на владините хронично дефицитни расходи.

Претседателот на Федералните резерви Бен Бернанке вели дека американските законодавци мора наскоро да „најдат начинда го стават федералниот буџет на одржлив пат, но не толку нагло да го стават во опасност“ опоравувањето на бавната економија на државата. Тој кажа дека Конгресот и Белата куќа ќе треба да го разрешат „фискалниот амбис“ што претстои, кој се состои од серија остри скратувања на трошоците и зголемување на даноците кои треба да влезат во сила во јануари доколку законодавците не постигнат компромис за новиот економски пат.

Тој кажа дека аналитичарите се согласуваат дека доколку Конгресот не го разреши прашањето, „веројатно ќе ја фрли економијата назад во рецесија“.

Бернанке зборуваше пред Економскиот клуб на Индијана во Индијанополис. Тој кажа дека Конгресот може исто така да ја помогне економијата со реформирање на даночните закони, поддршка за технолошка иновација и поттикнување на меѓународната трговија.
XS
SM
MD
LG