Линкови за пристапност

Сигналите на американската економија упатуваат надолу


Има нови знаци дека и онака бавната американска економија ја губи силата.

Владата во четврток кажа дека бројот на невработени работници кои за прв пат се пријавуваат за финансиски бенефиции скокнал минатата недела за 34.000 на 386.000. Економистите велат дека цифрата што внимателно се следи конзистентно паѓа под 375.000 што ја турка високата стапка на невработеност во земјата од 8,2 проценти по патот на влошување.

Група за истражување на бизнисот, Конференцискиот борд, вели дека нивниот индекс на водечки економски индикатори паднале во јуни, за три десетини од процентот, откако се зголемиле за четири десетини од процентот во мај. Групата вели дека истражувањето покажало слабост во нови нарачки, во очекувањата на конзументите, и барањата за градежни дозволи.

Во меѓувреме, трговска група, Национална асоцијација за недвижнини, кажа дека продажбата на постоечките домови опаднала за 5,4 проценти во јуни, на 4,4 милиони.

Ова е се` уште пазар вреден шест милиони долари што аналитичарите го сметаат за здрав.
XS
SM
MD
LG