Линкови за пристапност

Берзите во САД на рекордно високо ниво


Откако Централната банка соопшти дека нема да има промени во владината програма за стимулирање на економијата.

Берзите во САД забележаа рекордно високо ниво во средата, откако Централната банка одлучи да ги одржи актуелните напори за стимулирање на економијата.

Дау Џонс забележа пораст од 1% додека Стандард енд Пурс 500 заврши на поголема вредност од 1,2%. Индексот НАСДАК исто така нарасна за 1%.

Инвеститорите покжаа интерес за купување на акции откако првиот човек на Федарлните резерви Бен Бернанке соопшти дека нема да има промени во владината програма за скратување на стимулативните мерки што беа воведени од почетокот на рецесијата 2009-та.

Програмата има за цел намалување на долгорочните каматни стапки, што на компаниите би им овозможило да купуваат нова опрема, а семејствата да купуваат нови домови.

Бернанке сепак додаде дека на економијата и натаму и` треба помош, бидејќи невработеноста е се` уште на високо ниво.

Американската економија, најголемата во светот и натаму се опоравува од најтешката рецесија во изминативе неколку децении.
XS
SM
MD
LG