Линкови за пристапност

Цените на домовите и потрошувачката доверба одат нагоре


Достигнаа највисоки нивоа во последниве неколку години.

Цените на домовите и потрошувачката доверба достигнаа највисоки нивоа во последниве неколку години.

Споеред најновите индекси Кејс-Шилер за цените на домови што ги подготвува финансиската компанија Стандард енд Пурс, тие во март нараснале за 10,9% за разлика од истиот месец минатата година.

Извештајот покажува раст на цените трет месец по ред, што е знак на намален број на домови што се на продажба, зголемена побарувачка и натамошно закрепнување во овој важен економски сектор. Па сепак, и покрај ваквите охрабрувачки податоци, цените на домовите се 28% под најголемото ниво, забележано 2006-та година.

Подобрената состојба на пазарите за домување и работна сила можеби е и причината за зголемување на индексот за потрушувачката доверба. Според економската и истражувачка организација Конференс борд, довербата во мај скокнала на највисоко ниво во последните пет години – 76,2%.
XS
SM
MD
LG