Линкови за пристапност

Каква глобална економска слика во 2014-та?


Економски предизвици во 2014-та
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Економски предизвици во 2014-та

Некои стручњаци предвидуваат подобрување на бизнис климата во САД, но големите предизвици остануваат.

Како што 2013-та се приближуваше кон крај, американската економија забележа најбрз растеж во последниве две години, а Конгресот усвои двегодишен буџет што ја отстрани заканата од ново и скапо делумно затворање на владата. Доколку не дојде до нов политички ќорсокак, аналитичарот Џон Аренсмејер предвидува подобрување на бизнис-климата во 2014-та, особено, како што вели „ако нема непотребни авантури како што беше владиното затворање.

Од другата страна на Пацификот, кинеската економија забави по децении на двоцифрена експанзија. Иако со релативно умерен економски раст од седум проценти, меѓународниот економист Ури Дадуш вели дека Кина и натаму има силно економско влијание во регионот.

Во Европа, пак, сликата е поинаква. Европската комисија очекува забавување на растежот во еврозоната.

Економистот Дадуш вели дека ригорозните мерки за штедење во земјите што добија финансиска помош се одразуваат врз економијата на Стариот континент:

„Италија е во голема неволја. Ќе бидат потребни неколку години и Шпанија и Португалија да излезат од задолженоста.“

Се` уште е нејасно какво влијание врз меѓународната економска слика ќе има одлуката на американската централна банка за намалување на стимулативните мерки.
Со прогнозата дека цените на некои суровини ќе се намалат, економистите сметаат дека земјите зависни од продукти би можеле да забележат пад во приходот, а тука се вклучени „Бразил, Турција, Унгарија, а можеби и Индонезија.“

На Блискиот Исток, некои држави од арапската пролет, кои и натаму се политички нестабилни, се очекува да искусат економски тешкотии во 2014-та.

Пингфан Хонг е шеф на Одделот за економско надгледување во ОН. Тој е оптимист. Очекува

светската економија да забележи растеж од 3 проценти во 2014-та.

2014-та се очекува да биде добра година и за Африка.
Откако ги надмина годишните прогнози од 4,8 проценти во 2013-та, Африканската развојна банка прогнозира растеж од 5,3 проценти како резултат на посилниот услужен сектор и зголемената земјоделска и рударска активност.
XS
SM
MD
LG