Линкови за пристапност

Бернанке: Дефицитот е „неодржлив“


Бернанке: Дефицитот е „неодржлив“
Бернанке: Дефицитот е „неодржлив“

Шефот на американската централна банка вели дека огромниот годишен буџетски дефицит е „неодржлив“ и се заканува со „сериозни економски последици“ за државата.

Претседателот на Федералните резерви Бен Бернанке на конгресна комисија во четврток кажа дека законодавците треба да го направат „врвен приоритет“ стабилизирањето на 15 трилиони растечкиот долг, споредено со националниот приход, ако веќе не можат да го намалат. Годишниот економски производ сега е приближно еднаков со нивото на долгот.

САД во моментов плаќаат многу ниска каматна стапка на позајмени пари за да се помогне на оперирањето на нивната влада, дури и откако фирмата за финансиски услуги Standard & Poor's го намали кредитниот рејтинг на САД минатата година. Но Бернанке предупреди дека каматните стапки може да не помогнат ако инвеститорите изгубат верба во владината способност за справување со својата финансиска политика. Тоа може значително да ги зголеми трошоците за позајмување на владата.

Американската влада неделава кажа дека очекува дефицит од 1,1 трилион за годината што завршува во септември, што е намалување од 2011, но четврта година по ред дефицитот е над еден трилион. Претседателот Обама и Конгресот минатата година направија план за намалување на дефицитот, но најголем дел од заштедите уште не влегле во сила.

Бернанке кажа дека зголемувањето на долгот со тек на време ќе биде пречка за растеж на економијата, што е најголема во светот.

XS
SM
MD
LG