Линкови за пристапност

Во САД ниски каматни стапки до 2014-та


Во САД ниски каматни стапки до 2014-та

Во САД ниски каматни стапки до 2014-та

Централната банка реши на овој начин да помогне за поттикнување на економскиот растеж

Американската Централна банка вели дека нивото на каматните стапки ќе го задржи околу нулата во најмала рака се` до крајот на 2014-та година, нов чекор да се поттикне поголем растеж во светски најголемата економија.

Федералните резерви претходно рекоа дека клучните рати за позајмување ќе ги држат на ниско ниво до 2013 година, но денеска раководни лица на банката го продолжија периодот на нискокаматни стапки, велејќи дека очекуваат економскиот растеж во наредните неколку тромесечја да биде умерен и дека невработеноста од 8,5 проценти само постепено ќе се намалува.

Американската економија бавно зајакнува по периодот од рецесијата меѓу 2007-2009 година, најтешката изминативе неколку децении. Одредени аналитичари предвидуваат дека економијата на земјата годинава ќе напредне и до 3 отсто, но другите проценки се попесимистички, особено заради неизвесноста како европската должничка криза ќе се одрази на светската економија.

Американските работодавачи додадоа 200.000 нови работни места во декември, а воедно дојде и до зголемување на потрошувачката. Но и натаму без работа се околу 13 милиони жители, а милиони се ангажирани со скратено работно време или на работни места под нивните квалификации.

XS
SM
MD
LG