Линкови за пристапност

Американските конзументи станале попесимистични


Американските конзументи станале попесимистични

Американските конзументи станале попесимистични

Довербата на американските конзументи нагло паднала во август, на најниско ниво за последните две години.

Извештајот од вторникот издаден од Конференцискиот борд вели дека конзументите станале уште позагрижени за работните места во текот на изминатиот месец. Истражувачката бизнис група вели дека конзументите може дополнително да биле обесхрабрени со долгото препукување во Вашингтон во врска со границата на задолжувањето, владините трошоци, даноци и воопшто со економијата. На нив исто така влијаело и паѓањето на цените на домовите во многу области.

Стручњаците го следат однесувањето на конзументите зашто тоа влијае на нивната потрошувачка што, пак, го движи најголемиот дел на американската економска активност.

Одвоен извештај од приватна истражувачка група покажа дека вредноста на домовите продолжила да паѓа во 12-месечниот период што завршил во јули.

Сериозни проблеми во секторот за домување ја иницираше економската криза, и се` уште продолжува да го попречува опоравувањето.

XS
SM
MD
LG