Линкови за пристапност

Економијата на САД со послаб растеж од очекуваното


Економијата на САД со послаб растеж од очекуваното
Економијата на САД со послаб растеж од очекуваното

Американската економија во првата половина од оваа година покажала помала стапка на растеж отколку што биле проценките на економистите

Петочниот извештај од Одделот за трговија вели дека бруто домашниот производ пораснал за само 1,3 процент годишна стапка.

БДП е збир од сите добра и услуги произведени во државата и се најширока мерка за здравјето на економијата.

Високите цени на бензинот и невработеноста биле пречка за потрошувачката на конзументите што е водечки фактор на најголем дел од американската економска активност. Растежот бил исто така повреден со намалувањето на трошоците кај државните и локалните власти, кои видоа опаѓање во собирање на даноците.

Економијата има тешкотии во опоравувањето од рецесијата меѓу 2007 и 2009, кога опаѓа БДП.

Владиниот извештај од петокот вели дека рецесијата била полоша отколку што првично се сметало. Меѓу последните месеци од 2007 и средината на 2009, американската економија се намалила за 5,1 проценти. Тоа е еден процентен поен повеќе отколку што претходно се проценуваше.

XS
SM
MD
LG