Линкови за пристапност

Обама смета дека производството е клуч за економското опоравување


Обама смета дека производството е клуч за економското опоравување

Обама смета дека производството е клуч за економското опоравување

Американскиот претседател Барак Обама вели дека Америка може „да ја освои иднината“ со повторна изградба на производствениот сектор.

Обама зборуваше во среда по посетата на авто-мото центарот за обука во колеџ во Вирџинија, близу Вашингтон.

Обама кажа дека бавното економско опоравување остави многу Американци без работа и ги повика законодавците и индустриите да ги поддржат програмите за промоција на обука во производството.

Тој исто така рече дека приватните бизниси, индустриските групи и училишта треба да ги прошират напорите за поврзување на обучени работници со постоечките работни места кои чекаат да бидат пополнети.

Неговите забелешки дојдоа откако серија економски извештаи и растечката стапка на невработеност донесоа сомневање за американското економско опоравување.

Невработеноста во САД во мај била 9,1 процент и Одделот за труд кажа дека одреден број работни места биле укинати во секторот на производство.

XS
SM
MD
LG