Линкови за пристапност

Од ебола во Западна Африка умреле 2.000


Светската здравствена организација вели дека секоја недела Либерија добива по 200 нови случаи

Бројот на мртви од ебола во Западна Африка скокна на преку 2.000, што е показател дека епидемијата ескалира во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Во новиот извештај на Светската здравствена организација стои дека Либерија забележува нови 200 случаи на ебола неделно, Сиера Леоне повеќе од 150, додека Гвинеја над 100.

Според СЗО, вкупната бројка на случаи во трите држави е нешто под 4.000, иако официјалните здравствени претставници велат дека точниот број е веројатно многу поголем.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун најави дека ОН работат на формирање Кризен штаб за ебола, за да ги координираат напорите за справување со болеста.

Во моментот, нема одобрен третман за смртоносниот вирус, иако експерименталниот серум 3Мапп, направен од американска компанија и беше даден на мала група пациенти, од кои некои преживеаја.

XS
SM
MD
LG