Линкови за пристапност

Откриен случај на ебола во Сиера Леоне


Само еден ден откако Светската здравствена организација објави крај на епидемијата на ебола во Западна Африка

Официјални претставници на Сиера Леоне соопштија дека од мртво тело на жена која порано месецов се разболела, бил добиен позитивен тест за ебола, само еден ден откако Светската здравствена организација објави крај на епидемијата на ебола во Западна Африка.

СЗО подвлече дека мора да се преземат дополнителни мерки за предострожност и надзор на ситуацијата во наредниве месеци.

Вчера СЗО објави дека епидемијата на ебола во Либерија е сузбиена, што значи дека сите три земји во Западна Африка коишто беа во епицентарот на епидемијата, се сметаат за места каде вирусот е елиминиран. Досега од еболата во Западна Африка животот го загубија 11.000 лица, а заразени се уште 28.500 други.

XS
SM
MD
LG