Линкови за пристапност

Најголем земјотрес на Источниот брег на САД за 67 години


Најголем земјотрес на Источниот брег на САД за 67 години

Најголем земјотрес на Источниот брег на САД за 67 години

Американската служба за геолошки истражувања вели дека вторничкиот земјотрес со јачина од 5,8 степени бил најголем во источниот дел на земјата од 1944.

Земјотресот, со епицентар во малиот град Минерал во источната сојузна држава Вирџинија, ги затресе домовите дури до Отава, Канада, и принуди евакуација на бизниси во големите градови низ регионот.

Во Вашингтон, на растојание од 144 километри од епицентарот, туристичките локации и споменици беа затворени додека се испитува штетата.

Официјални лица велат дека Споменикот на Вашингтон, обелиск висок 170 метри, лоциран на Националното шеталиште, е затворен на неодредено време откако се забележани пукнатини кон врвот на структурата. Вашингтонската национална катедрала исто така е затворена за посетители по загубата на три од четирите готски кубиња.

Властите ја евакуираа зградата на американскиот Капитол, Пентагон и други федерални згради, вклучувајќи го и се диштето на Гласот на Америка, каде привремено безе запрено емитувањето на програма кога тлото почна да се тресе.

Близу центарот на земјотресот во рурална Вирџинија, нуклеарната централа Северна Ана ја запре работата и беше принудена да работи на дизел генератори, од кои еден потфрли. Официјалните лица велат дека јавноста не е во опасност и дека нуклеарната централа е дизајнирана да издржи земјотрес со јачина од 6,2 степени.

Нема извештаи за сериозна штета или жртви, но официјални лица предупредија дека помали последователни удари се можни во наредните денови.

XS
SM
MD
LG