Линкови за пристапност

Изборна кампања: ДУИ го покренува прашањето за јазикот


Двојазичноста стана клучен елемент на изборната платформа на партијата на Али Ахмети, но некои се скептични

Во „трката“ по гласови владејачката ДУИ го вклучува и, како што го нарекуваат, заокружувањето на официјализацијата на албанскиот јазик како втор службен јазик во Македонија. Дека од ваквата иницијатива што се пласира токму во предизборната кампања, партијата на Ахмети очекува сериозен ефект зборува фактот дека ДУИ тоа го претставува како еден од клучните столбови на нејзината Платформа 2020:

„Клучен столб на изборната програма на Демократската унија за интеграција е токму регулирањето на употребата на албанскиот јазик со другиот официјален јазик и тоа во сите нивоа во согласност со Охридскиот договор. Македонските партии треба да се ангажираат за законитоста и следствено да го спроведат амандманот V на Членот 7 од Уставот кој е многу јасен и тоа што има потреба е хармонизацијата на законската регулатива со Уставот“, кажа Артан Груби, носител на листата на ДУИ во првата изборна единица.

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани за Гласот на Америка кажа дека тој верува дека ваквите пораки на ДУИ и нејзиниот лидер повеќе не поминуваат кај албанскиот електорат:

„Се што ветува лидерот на ДУИ се зема со резерва и граѓаните веќе не му веруваат на тоа. Прашање е дали на човек кој 14 години е во власта и кој ветува вакви работи воопшто и му веруваат во неговата партија, а камоли електоратот на кој тој му се обраќа“.

Прашањето кое се поставува е зошто ДУИ која долги години е на власт досега не го решила оваа прашање кое го претставува како приоритет. На ова Артан Груби коментираше:

„ДУИ во два наврати усвои измени на законот за употреба на јазиците и ја унапреди употребата на албанскиот јазик.

„Позната и повторена реторика која се рециклира пред секои избори“ – вели Рамадани, и додава:

„Бараат топка за играње и сега веќе по нивно, како да имаат нешто ново, а тоа е веќе препознатливо. Тие сега може да сметаат само на нивната партиска клиентела“.

ДУИ смета дека има потреба од донесување посебен закон што не би оставил простор за толкување каде и кога би се користел албанскиот јазик кој според партијата на Ахмети треба да се користи на централно ниво и на територијата на целата држава.

XS
SM
MD
LG